свет

Продолжува спуштањето хуманитарна помош со падобрани во Газа која се наоѓа под блокада

- Воените транспортни авиони фрлаа пакети со помош што ги собираа стотици Палестинци западно од бегалскиот камп Нусејрат, во централниот дел на Газа.

Aida Cako  | 18.08.2025 - Обновена : 18.08.2025
Продолжува спуштањето хуманитарна помош со падобрани во Газа која се наоѓа под блокада

СКОПЈЕ (АА) - Во услови на израелски напади и блокада денес продолжува пуштањето на хуманитарна помош од воздух во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Воените транспортни авиони фрлаа пакети со помош што ги собираа стотици Палестинци западно од бегалскиот камп Нусејрат, во централниот дел на Газа.

Многу жители чекаа со часови под силното сонце, а дел од нив успеаја да стигнат до пакетите спуштени со падобрани.

Палестинското население, сепак, предупредува дека овие испораки не ги намалуваат гладот и страдањата, туку ја отсликуваат длабочината на хуманитарната катастрофа.

Хусам Фаракалах, палестинско дете што добило вода во шише, рекол дека пуштањата на хуманитарна помош од воздух ги понижуваат луѓето.

„Не сме жедни, туку сме гладни. Не сфаќајте ги погрешно настаните. Отворете ги граничните премини. Што правите вака? Не реформирате, туку уништувате повеќе. Плашете се од Бога. Како ќе му одговарате на Бога на судниот ден?“, рекол тој.

Израел уби речиси 61.900 Палестинци во Газа од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата и ја доведе до раб на глад.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.