Gülşen Çağatay
21 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
АНКАРА
Турција издаде нов навигациски телекс, Навтекс, за подрачјето од Источен Медитеран каде што турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ ќе ја спроведува својата работа до 29 ноември, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според најавата, мисијата што ќе ја спроведе бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ продолжува до 29 ноември.
Според соопштеното, бродовите „Атаман" и „Џенгизхан“ ќе продолжат да го придружуваат „Оруч Реис“.
Навтекс е поморски комуникациски систем кој им овозможува на бродовите да ги информираат другите пловила за нивното присуство во одредена област, како и за приложување други информации.
„Оруч Риес“ ќе спроведе разни геолошки, геофизички, хидрографски и океанографски истражувања, како и потрага по природни ресурси.
Овој брод до длабочина до 8.000 метри може да реализира тридимензионални, додека до длабочина од 15.000 метри може да реализира дведимензионални сеизмички операции.
Навтекс е поморски комуникациски систем кој им овозможува на бродовите да ги информираат другите пловила за нивното присуство во одредена област, како и за приложување други информации.