Mesut Zeyrek
21 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
КЕЛН
Уапсен е главниот лекар, кој е обвинет дека намерно убил двајца пациенти на возраст од 47 и 50 години, кои се лекувани од коронавирусот (Ковид-19) во Есен, во Германија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Обвинителството на Есен е наведено дека во настаните кои се случија на 13 и 17 ноември на Универзитетската клиника во Есен, главниот лекар намерно ги вбризгувал своите пациенти со илегални лекови и предизвикал ненадејна смрт на пациентите.
Четириесетчетиригодишниот главен лекар призна дека инекцијата ја дал на еден пациент за да му ја скрати маката и болката. Пацинетот се лекувал на интензивна нега.
Полицијата во Есен формирала тим со цел расчистување на инцидентот.