Ahmet Dursun
12 Јануари 2020•Ажурирај: 13 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Британскиот амбасадор во Техеран, Роб Мекер, кој учествуваше на активноста за оддавање почест на лицата што ги загубија животите во украинскиот авион кој падна во Техеран, главниот град на Иран, беше приведен под обвинение дека „се обидувал да организира и испровоцира радикални и деструктивни активности“. Британскиот амбасадор по некое време е ослободен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според иранската полуофицијална новинска агенција „Тесним“, британскиот амбасадор во Техеран, Мекер, присуствувал на настанот за оддавање почест на жртвите од украинскиот авион, што се одржа пред Универзитетот „Емир Кебир“.
Настанот за споменување на жртвите се претвори во антивладини демонстрации со извикувањето слогани. Во тој момент британскиот амбасадор во Техеран „се обидувал да организира и испровоцира некои радикални и деструктивни активности“.
Поради тоа британскиот амбасадор беше приведен, а неколку часа подоцна е ослободен.