Ayhan Şimşek
13 Јануари 2022•Ажурирај: 14 Јануари 2022
БЕРЛИН (АА) - Во важниот случај за злосторствата извршени од сирискиот режим, германскиот суд денеска осуди поранешен сириски разузнавач на доживотен затвор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Анвар Раслан (58) е осуден за извршување злосторства против човештвото, убиства, тортура и сексуални напади, додека бил на функцијата шеф на истражната единица во затворот „Ал-Хатиб“ во Дамаск во периодот меѓу 2011 и 2012 година.
Тој беше уапсен во Германија во 2019 година откако Сиријци кои ги преживеале тортурите и сведоци ги известија властите.
Законодавството на Германија - Кодексот на злосторства против меѓународното право - им дава на судовите универзална јурисдикција за воените злосторства и злосторствата против човештвото и тие можат да отворат целосна истрага за таквите злосторства, дури и кога тие не се извршени на нејзина територија.