02 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
МОСКВА (АА) - Руските гласачи гласаа за уставните промени кои му овозможуваат на Владимир Путин да остане претседател до 2036 година, покажаа прелиминарните резултати, пренесува Агенција Андолија (AA).
Сепак, референдумот беше обележан со бројни тврдења за притисок врз гласачите и други изборни неправилности.
Според претставници од изборната комисија, од преброени 20 отсто од гласовите, 72 отсто од гласачите гласале за уставните амандмани.
За првпат во Русија избирачките места беа отворени во текот на целата недела за излезноста да биде поголема, без пренатрупаност на гласачките места, поради пандемијата на коронавирусот.
Сепак, критичарите на Кремљ сметаат дека ова е уште еден начин за манипулирање со резултатите.
До затворањето на гласачките места во Москва и поголем дел од западна Русија излезноста била 65 отсто, соопштија изборните претставници. Во некои региони гласале речиси 90 отсто од жителите со право на глас.