Turgut Alp Boyraz
27 Мај 2017•Ажурирај: 28 Мај 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Палестинците во израелските затвори го прекинаа 40 дневниот штрајк со глад, јавува Anadolu Agency (AA).
Кадура Фрис, претседателот на Здружението на палестинските затвореници потврди дека Палестинците во израелските затвори денес го прекинале штрајкот со глад поради договорот со претставниците од Управата на израелските затвори.
Фарис појасни дека претставниците на палестинските затвореници кои штрајкувале со глад дошле до договор по 20 часовни преговори.
Одлучено е засега да се прекине штрајкот со глад. Од Управата на израелските затвори соопштија дека дошло до договор врз основа на која е прекинат 40 дневниот штрајк со глад.
Не дадоа детали за договорот.
Според податоците на Канцеларијата за палестинските затвореници, во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци меѓу кои 57 жени и околу 300 малолетници.
Повеќе од 1.500 палестински затвореници на 17 април стапија во штрајк со глад барајќи на овој начин подобрување на здравствените услуги во израелските затвори како и да не им се ограниќуваат посетите на членовите од семејствата.