Islam Uddin
06 Јули 2024•Ажурирај: 08 Јули 2024
АНКАРА (АА) - Првиот товарен воз Кина-Европа преку Туркије тргна денес од Хефеи во кинеската провинција Анхуи, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.
Возот тргна за Истанбул, превезувајќи 110 контејнери со стока, меѓу која и апарати за домаќинство и автомобилски делови, објави „Глобал тајмс“.
Минатиот месец, Кинеската железница соопшти дека бројот на патувања со товарен воз Кина-Европа од 2011 година надминал 90.000.
Во 2011 година, првиот воз тргна од станицата Туанџиецун во југозападната кинеска општина Чонгкинг до Дуизбург во Германија, и првично поаѓаше по еден воз секој месец, додека сега поаѓаат над 10 возови дневно, пристигнувајќи до над 100 градови низ Азија и Европа, според новинската агенција Синхуа.