Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout,Safiye Karabacak
24 Декември 2021•Ажурирај: 25 Декември 2021
КУДС
Почина Палестинката која беше прегазена од автомобил на еврејски доселеник на окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според локални извори, еврејски доселеник со автомобил ја прегазил 60-годишната Гадир Мусахеме во близина на градот Рамала.
Палестинката која беше тешко повредена, починала во болница. Еврејскиот доселеник побегнал од местото пред да пристигне Брзата помош.
Радиото на Израелската армија, исто така, соопшти дека една Палестинка била повредена кога во неа удрило возило на еврејски доселеник на патот меѓу еврејските населби Офра и Шило во централниот дел на Западниот Брег.
Веста на радиото не содржи повеќе детали за инцидентот.
Сѐ уште нема изјава од палестинските власти.
Окупираниот Западен Брег е сведок на зголемени напади врз Палестинците од страна на еврејски доселеници, од кои огромен број се вооружени.
Одвреме-навреме, еврејските доселеници предизвикуваат повреди, па дури и смрт на Палестинците кои „намерно“ ги удираат со своите возила.
На Западниот Брег, окупиран од Израел во 1967 година, изградени се над 250 нелегални еврејски населби во кои живеат повеќе од 500.000 еврејски доселеници, што дополнително го отежнува животот на Палестинците кои живеат на Западниот Брег.
Според меѓународното право, сите еврејски населби на окупираните територии се сметаат за нелегални.