свет

Почина Палестинецот кој беше застрелан од израелските војници за време на демонстрациите

Палестинецот Фади Вешха, кој беше погоден во главата со вистински куршуми во огнот отворен од израелски војници, не можел да биде спасен, и покрај двонеделниот третман во болницата

Esat Fırat  | 02.06.2021 - Обновена : 03.06.2021
Почина Палестинецот кој беше застрелан од израелските војници за време на демонстрациите

КУДС (АА) - Министерството за здравство на Палестина соопшти дека 34-годишниот Палестинец Фади Вешха, кој беше застрелан од израелски војници пред две недели, починал во болница, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството е наведено дека Вешха е повреден пред две недели за време на антиизраелските демонстрации околу градот Рамала на окупираниот Западен Брег.

Исто така се истакнува дека Вешха, кој беше погоден во главата со вистински куршуми во огнот отворен од израелски војници, не можел да биде спасен, и покрај двонеделниот третман во болницата.

Израел и Хамас, со посредство на Египет, на 21 мај договорија прекин на огнот, со што се стави крај на израелските напади врз Газа што започнаа на 10 мај.

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа 254 Палестинци, од кои 66 деца и 39 жени, а повредени се 1.948 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.