Ahmet Gürhan Kartal
15 Октомври 2021•Ажурирај: 16 Октомври 2021
ЛОНДОН (АА) - Британскиот пратеник Дејвид Ејмс почина денес, откако беше повеќепати прободен со нож на средба со своите избирачи во Есекс, потврди полицијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ејмс (69), кој беше од редовите на Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон, беше нападнат од човек кој влегол на средбата во неговата изборна единица.
„Бевме повикани на адреса во Иствуд Роуд на Северот, по 12.05 часот денес“, се вели во соопштението на полицијата во Есекс.
„Пристигнавме таму и најдовме повреден човек“.
На Ејмс медицинска помош му пружиле екипите на итната помош, но и покрај тоа, тој починал на местото на настанот, се наведува во соопштението на полицијата.
Се додава дека 25-годишник бил „брзо уапсен откако полицајците пристигнале на местото под сомнение за убиство и бил пронајден нож“.
Дејвид Ејмс беше пратеник од 1983 година од изборните единици Басилдон и Саутенд Вест.