Bayram Altuğ
01 Ноември 2019•Ажурирај: 04 Ноември 2019
ЖЕНЕВА (АА) - БАЈРАМ АЛТУГ - Портпаролот на Канцеларијата за хуманитарна помош на Обединетите нации (ОН), Јенс Ларке, истакна дека во последните 10 дена, 94.000 цивили се вратиле во подрачјето каде што се спроведе операцијата „Извор на мирот“.
„Гледаме дека лицата кои ги напуштија своите домови, од 9 октомври кога започна операцијата, па сѐ до последниве денови се враќаат во своите домови. На почетокот околу 200.000 лица ги напуштија своите домови. Но сега гледаме раздвижување во однос на нивното враќање. Заклучно со денеска, во регионот контролиран од Турција вратени се 94.000 луѓе“, изјави портпаролот Ларке во изјавата за Anadolu Agency (AA).
Ларке истакна дека враќањето се случило во последните 10 - 14 дена.
Истакнувајќи дека како Обединети нации (ОН) сакаат да стигнат до сите раселени лица и да обезбедат хуманитарна помош, Ларке рече дека уште 100.000 цивили чекаат да се вратат во своите домови.
Сосотојбата во регионот ја опиша како „варијабилна“ и „динамична“.
Наведувајќи дека цивилите почнале да се враќаат во своите домови откако Турција ја осигурала безбедноста на регионот, Ларке, за цивилите кои се враќаат, рече: „Бројката се зголемува. Ако продолжи овој тренд, секако дека во наредните денови голем број луѓе ќе се вратат.“
- Во последните три дена 20 илјади Сиријци се вратија дома -
Портпаролот, во вторникот изјави дека 74.000 Сиријци се вратиле во регионот каде што се одвиваше операцијата „Извор на мирот“. Така, бројот на цивили што се вратија во своите домови во последните три дена достигна до 20.000.
На 9 октомври започна операцијата „Извор на мирот“, со цел оневозможување на формирањето терористички коридор, близу сириско-турската граница и за обезбедување мир и благосостојба во регионот.
По преговорите меѓу Турција и САД на 17 октомври по операцијата „Извор на мирот“ беше постигнат договор од 13 точки.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, на 22 октомври објавија дека постигнале договор од 10 точки за северна Сирија.