Zehra Ulucak
29 Јули 2018•Ажурирај: 29 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Досега 64 лица го загубија животот како резултат на поројните дождови кои ја зафатија индиската сојузна држава Утар Прадеш, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Hindustan Times“, поради поројните дождови кои веќе три дена зафатија различни подрачја во оваа сојузна држава, загинаа 64 лица, а 54 лица се повредени.
Во овие рамки, 385 куќи се оштетени, а угинаа 28 животни.
Премиерот на индиската сојузна држава Утар Прадеш, Јоги Адитјанатх, нареди започнување истрага за оштетените згради и куќи.
Исто така, индиската Влада соопшти дека ќе даде финансиска помош за семејствата на загинатите и повредените во несреќата, и на тие чија куќа е оштетена.
Според соопштенијата на официјалните органи на земјата, поради монсунските дождови кои од 1 јуни ја погодија земјата, над 500 лица загинаа во земјата, а околу 200 лица се повредени.