свет

Поројни дождови и поплави во Пакистан - загинаа 100 лица

- Според Националната управа за управување со катастрофи, поројните дождови предизвикале поплави во провинциите Кибер Пахтунхва, Белуџистан и Пенџаб, како и во Џаму и Кашмир кој е под пакистанска управа

Islam Uddin  | 20.04.2024 - Обновена : 22.04.2024
Поројни дождови и поплави во Пакистан - загинаа 100 лица Фото: Архива

ИСЛАМАБАД (АА) - Речиси 100 луѓе загинаа, а десетици се повредени во несреќи предизвикани од поројните дождови и поплави кои ги погодија северозападните и југозападните делови на Пакистан, известува Анадолу.

Според Националната управа за управување со катастрофи, поројните дождови предизвикале поплави во провинциите Кибер Пахтунхва, Белуџистан и Пенџаб, како и во Џаму и Кашмир кој е под пакистанска управа.

Досега поради уривање на згради во овие подрачја загинаа 98 лица, а 89 се повредени, информираше Националната управа за управување со катастрофи.

Оштетени се и 3.261 куќа, од кои 536 се целосно уништени.

Обилните поплави и свлечишта предизвикаа штети и на патиштата и мостовите во планинските предели.

Националната управа за управување со катастрофи, исто така, предупреди дека врнежите ќе продолжат до 22 април со потенцијални поплави во регионите Балучистан и Кибер Пахтунхва.

Силен дожд се предвидува и во периодот од 25 до 29 април.

Во меѓувреме, авганистанското Министерство за управување со катастрофи соопшти дека најмалку 70 луѓе загинале, а 56 се повредени поради обилните дождови и поплавите во неколку делови на земјата во текот на минатата недела.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın