Adem Şalvarcıoğlu
19 Август 2018•Ажурирај: 20 Август 2018
АНКАРА (АА) - Во поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните дождови во индиската сојузна држава Керала, животот го загубија 368 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми, поради поројните дождови, во Керала се излеваат реките и браните, оштетени се улици, мостови и куќи. Во тек се операциите за евакуација, во кои се вклучени и хеликоптери. Приведени се пет лица кои не сакале да го напуштат нивниот дом.
Поради поројните дождови кои продолжуваат веќе 12 дена, над 220.000 лица се преместени во бегалски центри.
Од вкупно 14 подрачја во Керала, дури 12 се погодени од поплави предизвикани од монсунските дождови. Илјадници куќи останаа под вода, а оштетено е земјиште од 32.500 хектари.
Поради поројните дождови и поплави што ја зафатија земјата во сезоната на монсунските дождови, досега загинаа над 1.000 лица.