Çağla Güngör
25 Јули 2022•Ажурирај: 26 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, упатувајќи реакции за ЛГБТ заедницата, истакна дека верува во постоењето на само два пола, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што пренесува „Fox News“, изминатиот викенд во своето обраќање кон младите на митингот во Флорида, Трамп за ЛГБТ заедницата рече: „Оваа заедница верува во левичарската родова идеологија и токсичната расна теорија. Ние веруваме во два пола. Има само мажи и жени.“
„Не можете да им верувате на овие луѓе на кои нема да им дозволите да ги чуваат вашите деца 20 минути. Тогаш зошто да им дозволите да образуваат милиони американски студенти со денови, па дури и со години“, нагласи Трамп.
Во однос на трансродовите луѓе, поранешниот американски претседател Трамп додаде: „Треба да спроведеме строги забрани за да децата кои живеат во САД не учат за расни, сексуални и политички елементи кои можеби се несоодветни“