Betül Yürük
08 Март 2019•Ажурирај: 09 Март 2019
ЊУЈОРК (АА) - Поранешниот менаџер на изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп, Паул Манафорт, осуден е на 47-месечен затвор поради даночно затајување и банкарска измама, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на истрагата за заработените пари од политичките консултантски активности во Украина, за Манафорт во САД се бараше да биде осуден со 24-годишна казна поради даночно затајување и банкарска измама, но осуден е на казна затвор од 47 месеци.
Манафорт, исто така, е прогласен за виновен во истрагата за наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година, и тој идната недела во САД ќе добие казна и за овие дела.
Манафорт, во 2016 година, три месеци беше менаџер на изборната кампања на Трамп, а потоа поднесе оставка поради обвиненијата за неговите активности и даночно затајување во Украина.
Во истрагата која започна за наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД и која беше спроведена од специјалниот јавен обвинител Милер, во фокусот се наоѓаа некои лица од изборната кампања на Трамп што имаа односи со Русија.
Досега, во истрагата за Русија од страна на обвинителот Милер обвинети се покрај поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, поранешниот менаџер на кампањата, Манафорт, и неговиот помошник Рик Гејтс и Јоргос Пападопулос, советник за надворешна политика за време на кампањата.
Трамп негира дека има каква било врска меѓу обвинетите во текот на истрагата и лицата што се казнети, со него и со претседателските избори. Тој, исто така, вели дека се неприфатливи тврдењата дека има тајна соработка меѓу него и Русија.