Necva Taştan
29 Мај 2024•Ажурирај: 31 Мај 2024
ПЕКИНГ (АА) - Судот во Кина вчера го осуди Баи Тианхуи, поранешен кинески функционер, на смртна казна поради примање мито, пренесува Анадолу.
Баи Тианхуи, поранешен генерален директор на јавната компанија „China Huarong International Holdings“, осуден е за примање мито во висина од 1,1 милијарда јени (152 милиони долари), објави пекиншкиот весник „Глобал тајмс“.
Судот во Тјенцин, во североисточниот дел на Кина, го нагласи значењето на општествените последици и значителната штета на државните интереси предизвикани од овој случај.
„China Huarong International Holdings“ му припаѓа на државниот конгломерат „Citic Group“.
И министерот за земјоделие Танг Ренџијан (61) претходно овој месец е ставен под истрага од страна на Комунистичката партија на Кина поради сомнеж за тешки кршења на дисциплината и законите.