Barış Seçkin
24 Мај 2024•Ажурирај: 26 Мај 2024
РИМ (АА) - Стефано Апуцо (58), поранешен пратеник во италијанскиот Парламент, го истакна палестинското знаме на балконот на Претставничкиот дом и рече „35.000 луѓе умреа во Газа. Доста беше“, јавува Анадолу.
Во Претставничкиот дом, долниот дом на италијанскиот Парламент, се одржа интересен протест поради израелските напади врз Газа.
Апуцо, кој беше пратеник во Парламентот од редовите на Партијата на зелените од 1992 и 1994 година, а моментално е кандидат на Зелените и Левиот сојуз за изборите за Европскиот парламент (ЕП) кои ќе се одржат следниот месец, излезе на балконот од прозорецот на предниот дел на палатата Монтечиторио, во која се наоѓа Претставничкот дом во Рим, и го истакна палестинското знаме.
Додека го подигаше знамето, Апуцо испрати порака од балконот:
„Доста е со употреба на италијанско оружје во геноцидот во Газа. Доста е. Имаме 35.000 мртви од италијанското оружје во Газа.“