Ekip
30 Март 2018•Ажурирај: 31 Март 2018
ПАРИЗ (АА) - Авиокомпанијата „Air France" објави дека откажала четвртина од своите летови поради еднодневниот штрајк на работниците кои бараат зголемување на платите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Француската компанија денес објави дека се откажани 20 отсто од долгите летови и 30 отсто од кратките кои доаѓаат и заминуваат од аеродромот „Charles de Gaulle" во Париз. „Air France" им препорача на патниците пред доаѓање на аеродромот да го проверат статусот на своите летови и им понуди бесплатна замена на картите.
Целта на штрајкот е да се изврши притисок на менаџментот на француската компанијата за платите на вработените да се зголемат за шест отсто.
Штрајкот е само еден од низа на оние кои се одржуваат во Франција поради планот на економските промени на претседателот Емануел Макрон, поради кој е пореметен сообраќајот на возовите, авионите и работењето на училиштата и другите јавни установи.