Emel Öz Gözellik
28 Мај 2019•Ажурирај: 29 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Пет милиони луѓе останаа без електрична енергија во Охајо и Индијана, САД, поради циклон и силна бура, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на Националната метеоролошка служба пренесени на „Cи-ен-ен“ (CNN), циклонот и силните бури, што се случиле во сојузните држави Охајо и Индијана, во некои места предизвикале штета.
Како резултат на циклонот во градот Дејтон, Охајо, повредени се голем број лица.
Официјални лица соопштија дека во Охајо, околу пет милиони луѓе останале без приклучок на електрична енергија.
Во градовите Целина, Нов Медисон, Лаура, Дејтон и Лаурелвил ќе бидат направени истражувања за проценка на штетата од циклонот.
Две лица ги загубиле животите во Ел Рено, Оклахома, како резултат на циклонот и силните бури што го зафатија регионот за време на викендот.
Соопштено беше дека повеќе од 10 луѓе биле исчезнати или повредени додека траел циклонот, кој предизвикал сериозни штети во градот.