Emre Aytekin
17 Март 2019•Ажурирај: 18 Март 2019
ДУНЕДИН (АА) - Аеродромот „Дунедин“ во Нов Зеланд привремено е затворен поради пријава на сомнителен пакет, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сомнителниот пакет е пронајден во придружен објект на аеродромот во јужниот новозеландски град Дунедин.
Дневниот весник „Отаго дејли тајмс“ („Otago Daily Times“) јавува дека аеродромот е затворен и дека сите летови се откажани.
Повикувајќи се на изјавата на неименувано официјално лице, истиот извор јавува дека полицијата го блокирала комплексот на аеродромот и дека на терен се наоѓаат специјални деминерски екипи.
Тревогата на аеродромот во Дунедин се случи два дена по терористичкиот напад врз две џамии во градот Крајстчрчот, во кој беа убиени 50 муслимани.