свет

Поради пандемијата повторно откажана церемонијата на доделување на Нобеловата награда

„Сите сакаа да заврши епидемијата на Ковид-19, но ние сѐ уште не сме на ова место. Нобеловците, оваа година, како и минатата, ќе ги добијат наградите и медалите во своите земји“

Atila Altuntaş  | 23.09.2021 - Обновена : 28.09.2021
Поради пандемијата повторно откажана церемонијата на доделување на Нобеловата награда

СТОКХОЛМ (АА) - Церемонијата на доделување на Нобеловата награда е откажана и оваа година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од Нобеловата фондација е најавено дека на лауреатите наградите ќе им бидат врачени во нивните земји.

„Сите сакаа да заврши епидемијата на Ковид-19, но ние сѐ уште не сме на ова место. Нобеловците, оваа година, како и минатата, ќе ги добијат наградите и медалите во своите земји“, рече претседателот на Нобеловата фондација, Ларс Хајкенстен.

Церемонијата на доделување награди, која се одржува секоја година на 10 декември, минатата година беше откажана за првпат по речиси 60 години поради пандемијата на новиот коронавирус.

Пред Ковид-10, Нобеловата награда последен пат беше откажана во 1956 година во знак на протест против советската инвазија врз Унгарија.

Церемонијата не е одржана за време на Првата и Втората светска војна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.