Adam Abu-bashal
20 Септември 2022•Ажурирај: 21 Септември 2022
АБУЏА (АА) - Повеќе од 100.000 луѓе се раселени во Нигерија поради поплавите предизвикани од континуираните обилни дождови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мустафа Хабиб, генерален директор на Нигериската Национална агенција за управување со вонредни состојби (NEMA), за медиумите изјави дека луѓето во голем број населени места во регионот минуваат низ тежок период поради поплавите во земјата.
Хабиб истакна дека поради поплавите предизвикани од обилните дождови во земјата, повеќе од 100.000 луѓе останале без покрив над главата во 29 нигериски држави и во главниот град Абуџа.
Наведувајќи дека повеќе од 500 луѓе се повредени во катастрофалните поплавите, Хабиб додаде дека повеќе од 500.000 луѓе се погодени од катастрофата.
Хабиб истакна дека поплавените лица привремено се засолниле во училиштата и јавните згради во околината, а за некои од нив владата поставила привремени кампови.
Наведувајќи дека се започнати работи за доставување хуманитарна помош до граѓаните, Хабиб подвлече дека поради поплавите се појавиле и заразни болести како што се колера и маларија.
Повеќе од 400 луѓе ги загубија животите во поплавите предизвикани од поројните дождови што ја зафатија Нигерија.
Од друга страна, експертите за климатски промени и животна средина предупредуваат дека 53 милиони луѓе во земјата се во опасност од поплави.