Servet Günerigök,Burak Bir
20 Септември 2022•Ажурирај: 21 Септември 2022
ЊУЈОРК / АНКАРА
Првата дама на Туркије, Емине Ердоган и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш вчера потпишаа документ за добра волја за проширување на турскиот проект „Нула отпад“ низ светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Емине и Гутереш имаа средба во седиштето на ОН, на која се осврнаа на еколошките прашања, вклучително и „Нула отпад“, проект што првата дама го започнат во 2017 година во Туркије.
Проектот има за цел намалување на загадувањето.
По средбата, Гутереш рече дека денес проблемот со отпадот е од витално значење и дека проектот во таа насока е многу вреден и импресивен.

Шефот на ОН, исто така, ги повика земјите на ОН да го прошират проектот „Нула отпад“ на Туркије на глобално ниво, како дел од еколошкиот проект, кој е меѓу најважните прашања со кои ОН се борат.
Осврнувајќи се на текстот на добра волја за проектот, Гутереш рече дека ќе го потпише ова пред камера поради важноста на ова прашање.
„Текстот што ќе го потпишеме со вас денеска ја открива нашата заедничка намера во оваа насока. Се надевам дека бројот на потписи според оваа декларација ќе се зголеми“, нагласи Емине, додавајќи дека посакува проектот да се прошири глобално.
Пред церемонијата на потпишување, Емине на генералниот секретар му го подари портретот на Гутереш, создаден со отпадни текстилни материјали што го изработи уметникот Дениз Сагдич.
Според податоците што турското Министерство за животна средина, урбанизација и климатски промени ги објави во јули, проектот „Нула отпад“ спречи емисија на 3,9 милиони тони стакленички гасови и на турската економија и заштеди милијарди долари.