Ayşe Doğru
14 Јули 2019•Ажурирај: 15 Јули 2019
КАТМАНДУ (АА) - Најмалку 45 лица го загубија својот живот, додека 28 лица се повреднеи во поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните дождови кои го погодија Непал, пренесува Anadolu Agency (AA).
Покрај жртви и повредени, 31 лице сѐ уште се водат за исчезнати во поплави и свлечишта предизвикани од монсунските дождови кои од четвртокот ја погодија земјата.
Голем број патишта во повеќе градови во Непал се затворени за сообраќај, а срушени се и бројни комуникациски кули и базни станици.
Најмалку 45 лица смртно настрадаа во овие катастрофи, додека 28 лица се повредени. Илјадници лица се спасени од страна на тимовите за спасување, додека над 10.000 лица беа принудени да ги напуштат своите домови.
Управата за хидрологија и метеорологија на Непал упати предупредување до населението дека е можно повторно да се случат поплави во јужниот дел на земјата, и предложи жителите да се преместат во повисоките подрачја.
Од друга страна, 10 лица загинаа во поплавите и свлечиштата предизвикани од дождовите кои го погодија североисточниот дел на Индија.