свет

Поплави во Индонезија: 13 загинати, 46 исчезнати

- Поројните врнежи од дожд во индонезиската провинција Јужен Сулавеси предизвикаа поплави во кои жовотот го загубија 13 лица, а 46 се водат за исчезнати

Mahmut Atanur  | 14.07.2020 - Обновена : 15.07.2020
Поплави во Индонезија: 13 загинати, 46 исчезнати

ЏАКАРТА

Поројните врнежи од дожд во индонезиската провинција Јужен Сулавеси предизвикаа поплави во кои жовотот го загубија 13 лица, а 46 се водат за исчезнати, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според веста објавена во весникот „Компас“, во подрачјето Северен Луву, интензивните врнежи од дожд предизвикале прелевање на реката Масамба.

Офиијалните лица соопштија дека повеќе од 4.000 лица се неповолно погодени од поплавите, информирајќи дека досега животот го загубиле 13 лица, а 46 се водат за исчезнати.

Во тек се спасувачки операции за пронаоѓање на исчезнатите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.