Murat Temizer
03 Март 2023•Ажурирај: 04 Март 2023
ВАРШАВА (АА) - Министерката за клима и животна средина на Полска, Ана Москва, упати апел за исклучување на Русија од Меѓународната агенција за атомска енергија (UAEA) поради војната во Украина, пренесува Анадолу.
Москва се обрати на Меѓународната конференција за енергетика во хрватскиот главен град Загреб.
Таа рече дека неприфатливо е Русија намерно да цели кон објектите за нуклеарна енергија во Украина.
Според неа, новите санкции што ќе бидат спроведени против Русија, треба го опфатат и секторот на нуклеарна енергија.
„Го повторувам мојот апел за суспсендирање на мисијата на Русија во УАЕА, и потоа за нејзино исклучување од оваа агенција“, нагласи таа.
Полската министерка Москва истакна дека кажале „не“ за рускиот гас, руското гориво и за руската нуклеарна енергија.
„Долго време упатувам апел за вистински акт, бидејќи неприфатливо е претставниците на оваа земја да продолжат со учество во меѓународните органи кои се занимаваат со глобалната нуклеарна безбедност“, додаде Москва.