свет

Полска отвора два гранични премини со Белорусија

Одлуката да се отворат премините Кузница и Бобровники, лоцирани во североисточниот дел на Полска, доаѓа по „обезбедувањето на границата“, каде што во последните години голем број мигранти се обидуваа да преминат на полска територија

Burak Bir  | 17.11.2025 - Обновена : 17.11.2025
Полска отвора два гранични премини со Белорусија

ЛОНДОН (AA) – Полска повторно отвори два гранични премини со Белорусија кои беа затворени во изминатите години по влошувањето на односите меѓу двете соседни земји, јавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Одлуката да се отворат премините Кузница и Бобровники, лоцирани во североисточниот дел на Полска, доаѓа по „обезбедувањето на границата“, каде што во последните години голем број мигранти се обидуваа да преминат на полска територија, пренесе полскиот јавен радиодифузер ТВ Ворлс, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи.

Полска ја затвори Кузница во ноември 2021 година, обвинувајќи ја Белорусија дека се обидува да протурка стотици мигранти преку границата.

Преминот Бобровники беше затворен во февруари 2023 година, откако белоруските власти го осудија на затворска казна познатиот полско-белоруски новинар и активист Анджеј Почекбут.

Полските власти соопштија дека се консултирале со локалните самоуправи и бизнис-заедницата, кои со месеци апелираа барем еден патен премин да биде повторно отворен за да се олесни движењето и трговијата.

Во октомври, премиерот Доналд Туск најави дека повторното отворање ќе биде „пробно“ и во координација со Литванија.

Досега, единствениот премин достапен за патнички сообраќај беше Тереспол–Брест.

Според новите правила, преминот Кузница–Брузги ќе биде отворен само за патнички возила, но ќе остане затворен за автобуси, додека Бобровники–Берестовица ќе дозволува премин за автомобили, автобуси и товарен сообраќај.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.