Ekip
24 Ноември 2018•Ажурирај: 24 Ноември 2018
ПАРИЗ (АА) - Франција распоредува илјадници полицајци за да се обидe да ги запре државните протести и блокади на патиштата на бесните возачи поради зголемувањето на данокот на гориво и политиката на претседателот Емануел Макрон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Напнатоста се зголеми поради минатонеделните протести на кои се собраа над 250.000 лица низ Франција, од Прованса до Нормандија.
За денес е планиран нов бран протести, вклучувајќи го и оној пред Ајфеловата кула во Париз. Францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, повика на смиреност и вети силни полициски мерки за време на протестите.
Само во Париз се распоредени околу 3.000 припадници на безбедносните сили, особено околу туристичките подрачја како Елисејските полиња, по минатонеделниот обид на нелегален марш кон претседателската палата.
Во протестите минатата недела загинаа две лица, а стотици се повредени, што претставува голем предизвик за Макрон.
Тој ја брани одлуката за зголемување на данокот како неопходна за да се намали зависноста на Франција од фосилните горива и ветува дека во вторник ќе утврди нови планови кои ќе им олеснат на „енергетските реформи“.