Nilay Kar
24 Ноември 2018•Ажурирај: 25 Ноември 2018
АНКАРА (АА)- Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, се состана со иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џавад Зариф, во главниот италијански град Рим, во рамките на Конференцијата за Медитеранските дијалози во градот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според ирансккото Министерство за надворешни работи, Лавров и Зариф размениле ставови во врска со билатералните односи, Договорот за нуклеарната програма од 2015 година, регионалните прашања и неодамнешните случувања во Сирија и Јемен.
Иран потпиша Договор во јули 2015 година со земјите од П5 + 1 - САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија, плус Германија, вклучувајќи ја и Европската Унија.
Во рамките на Договорот, САД и другите светски сили се договорија да укинат некои економски санкции од Иран и во замена за тоа да се согласат да ја забават својата Нуклеарна програма.
Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран се зголемија од мај, кога американскиот претседтаел Доналд Трамп еднострано ја повлече својата земја од Договорот.
Во август САД повторно го наметнаа првиот круг економски санкции врз Иран, главно насочени кон банкарскиот сектор во земјата.
На 5 ноември официјално започна вториот бран обновени санкции на САД кон Иран, кој е третиот најголем производител на Организацијата на земји извознички на нафта и нафтени деривати (OPEC). Овие санкции се насочени кон иранскиот енергетски, бродоградски, бродски и финансиски сектор, и опфаќа 50 ирански банки и повеќе од 700 компании и лица.
САД претходно објавија и дека осум земји - Кина, Грција, Индија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван и Турција - добиваат 180 дена привремено изземање од економските санкции во однос на увозот на иранската сурова нафта.