Talha Öztürk
23 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
БЕЛГРАД (AA) - Првиот авион на директна линија Белград-Њујорк полета денес околу 8.00 часот од аеродромот Никола Тесла а на американскиот аеродром „JF Kenedi” би требало да слета за 10 часа, јавува Anadolu Agency (AA).
Црвената лента пред полетување на авионот ја пресекоа премиерот на Србија Алкександар Вучиќ, амбасадорот на САД во Белград Кајл Скот, директорот на „Ер Србија" Дане Кондиќ и градоначалникот на Белград Синиша Мали.
Вучиќ на патниците им посака среќен пат и рече дека Србија покажува отвореност кон светот и гради пријателства со оние со кои „порано не умееше”, а дека поради овој лет ќе станат центар на регионот, како единствена од 11 земји од регионот која има директен лет за Њујорк
„Тоа е нов живот за нашата авио компанија, но и за нашата земја.Њујорк ќе му го приближиме на Белград, но и Србија на Американците. Верувам дека доколку успееме да ја сочуваме регионалната стабилност ќе успееме да ги собере сите од нашиот регион во нашиот град и земјата. Денес не постои поповолен лет за оние кои од Хрватска, Македонија, БиХ и Црна Гора би оделе за Њујорк", рече Вучиќ, кој додаде дека е тажен што не оди за Њујорк бидејќи треба да работи на формирање на Владата на Србија.
Тој рече дека „Ер Србија" сега има 44 нови летови и посака линијата Белград-Њујорк да не се гаси во наредните 100 години.
Амбасадорот Скот упати честитки до Србија за стратешката одлука да ги отвори портите за Њујорк и да ги зајакне односите со САД.
Во авионот денес е пилотот Давор Мишевиќ, кој на патниците им посака среќен пат на историскиот лет на Србија, копилот, три члена на посадата и 11 стујардеси, а делегацијата на Сбија која патува за Њујорк ја предводи министерката за градежништво, сообраќај и инфракструктура, Зорана Михајловиќ
Авионот Ербас, на националната авиокомпанија „Ер Србија", наречен е по српскиот научник и пронаоѓач, кој живеел и работел во Америка- Никола Тесла, и ќе лета пет пати неделно за Њујорк. Овој лет ги носи ознаките „JU500” и „JU 501”, како и претходникот на Ер Србија- ЈАТ пред 25 години, кога последен пат летал.
Ербас А330 е најголемиот авион во флотата на Ер Сбија и има 246 седишта и во претходниот период е испробан во летовите до одредени градови во регионот.
„Ер Србија” кон крајот на мај го доби неопходното одобрение од американските регулаторни тела за почеток на летовите помеѓу Белград и Њујорк, кога е потпишан Договор за воздушен сообраќај помеѓу Владата на Србија и Владата на САД.
До сега за тој лет се продатени повеќе од 15.000 карти, од кои 60 отсто во САД и 35 отсто во Србија. Цената на повратната карта за лет во пониска сезона изнесува 440 евра. Првите три карти продадени се во февруари по промотивна цена од 399 евра на Саемот за туризам во Белград, а меѓу првите купувачи беа премиерот на Србија Александар Вучиќ и амбасадорот на САД во Белград Кајл Скот.
Според поранешните оценки на политичарите во Србија, директниот лет Белград-Њујорк ќе ги унапреди односите помеѓу САД и Србија и ќе овозможи повеќе инвестиции.