Ali Cura
04 Јули 2019•Ажурирај: 05 Јули 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, во однос на причините за пожарот во руската истражувачка подморница, истакна дека главната причина за инцидентот е пожарот настанат во дел на акумулаторот, кој потоа се проширил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Кремљ, Шојгу доставил извештај до рускиот претседател Владимир Путин за пожарот настанат на руската истражувачка подморница во кој животот го загубија 14 морнари.
Изјавувајќи дека постои можност подморницата да се поправи , Шојгу рече дека се прават проценки за тоа колку долго би траела поправката.
Шојгу, давајќи информации за тоа како се случил пожарот, рече: „Главната причина за инцидентот е пожарот настанат во дел на акумулаторот, кој потоа е проширен.“
- „Механизмот е целосно во работна состојба“ -
Министерот Шојгу, во однос на нуклеарниот дел на опожарената истражувачка подморница, рече:
„Нуклеарниот механизам е целосно изолиран и затворен. Исто така, преземени се неопходните мерки за механизмот да биде целосно заштитен. Механизмот е целосно во работна состојба, тоа ни дава надеж дека бродот за кратко време ќе може повторно да се користи.“
Руската морнарица претходно соопшти дека имало пожар на истражувачка подморница и дека 14 морнари го загубиле својот живот.
Оштетената подморница е транспортирана до базата „Североморск“ на руската Северна флота во Баренцовото Море.