Ekipa
04 Јули 2019•Ажурирај: 05 Јули 2019
СТРОМБОЛИ
Пожарникарите, користејќи хеликоптери и моторни чамци, продолжуваат да го гасат пожарот кој избувна по вулканската ерупција на сицилијанскиот остров Стромболи и во кој животот го загуби еден планинар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот Марко Џорџиани за новинската агенција АНСА (ANSA) изјави дека стотина луѓе се евакуирани откако вулканската ерупција исфрли парчиња карпи и лава во воздух, што предизвика низа пожари. Тој информираше дека животот го загубил еден сицилијански планинар.

„Дел од островот наликува како од повоени сцени. Настојувам животот на него да го вратам во нормала што поскоро. Веќе успеавме да обезбедиме враќање на снабдувањето со електрична енергија за поголемиот дел од островот“, истакна Џорџиани.
Вулканот Стромболи, кој воедно е и остров, е еден од трите активни вулкани во Италија.
