свет

Пожар избувна при напад со беспилотно летало врз зграда во Ум ал-Кувејн во ОАЕ

Нема пријавено повредени лица во нападот

Lina Altawell  | 16.03.2026 - Обновена : 16.03.2026
Пожар избувна при напад со беспилотно летало врз зграда во Ум ал-Кувејн во ОАЕ

ИСТАНБУЛ (АА) – Напад со беспилотно летало вчера погоди зграда во Ум ал-Кувејн во Обединетите Арапски Емирати, предизвикувајќи пожар, соопштија властите, јавува Анадолу.

Нема пријавено повредени лица во нападот, се вели во соопштението на Владата на Ум ал-Кувејн.

Се нагласува дека екипите за итни случаи веднаш почнале да ги преземаат потребните мерки за справување со инцидентот.

Регионалната ескалација започна откако САД и Израел на 28 февруари започнаа заеднички напади врз Иран, во кои досега загинаа околу 1.300 луѓе, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, како и кон Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив, за кои се тврди дека се насочени кон американските воени бази.

Некои од овие напади предизвикаа жртви и штети на цивилната инфраструктура, вклучувајќи аеродроми, пристаништа и станбени објекти.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın