Tevfik Durul
24 Февруари 2021•Ажурирај: 25 Февруари 2021
АТИНА
Шест годишно дете со потекло од Иран загина како резултат на пожарот кој избувна во мигрантскиот камп во Грција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на грчките медиуми, синоќа избувна пожар во привремениот мигрантски камп во местото Теба кое се наоѓа северно од грчкиот главен град Атина.
Се истакнува дека во пожарот животот го загуби шестгодишно дете на седумчлено семејство со потекло од Иран.
Според соопштеното, пожарот е изгаснат од страна на противпожарните служби.