Adem Şalvarcıoğlu
19 Октомври 2018•Ажурирај: 21 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Шест лица загинаа во пожарот што избувна во кампот во кој се сместени аракански муслимани во Мјанмар, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во локалните медиуми, кои како извори ги користат информациите добиени од противпожарната бригада, 6 лица загинаа во пожар кои избувна во кампот во областа Ситве, во кој под опсада живеат араканските муслимани.
Како резултат на проширување на огнот во кампот изгореле и 15 куќи.
Поради пожарот околу 850 лица се евакуирани на безбедни места.
Во Ситве, главниот град на провинцијата Аракан, поради насилствата помеѓу будистите и муслиманита кои започна во 2012 година, околу 120.000 Араканци беа принудени да ги напуштат своите домови, сместувајќи се во околните бегалски кампови. Будистичката популација останала во центарот на градот.
Поради масакрите за време на операциите на армијата на Мјанмар во северниот дел на покраината, од август минатата година до денес, околу 700.000 аракански муслимани се засолнија во соседен Бангладеш. Обединетите Нации операциите на мјанмарската војска ги опиша како „етничко чистење“.