Vesna Besiç
24 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
ЧИКАГО (АА) - Погледот од 94-от кат на зградата Џон Ханкук во Чикаго нуди уживање во третиот по големина град во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Зградата се наоѓа во „Michigan Avenue" во Чикаго од каде што се нуди спектакуларен поглед на овој американски град. Објективот на фоторепортерот на АА го забележа Чикаго во текот на денот и ноќта.
Чикаго по Њујорк и Лос Анџелес е третиот по големина град Соединетите Американски Држави (САД). Според проценката од 2006 година, имал 2.833.321 жители. Чикаго е четвртиот по големина град на северноамериканскиот континент и седмиот по големина град во западната хемисфера.