Turgut Alp Boyraz,Mustafa Deveci
13 Мај 2021•Ажурирај: 15 Мај 2021
КУДС (АА) - Повеќе од 100 илјади муслимани ја извршија молитвата за Бајрам во „Месџид-и ал-Акса“, лоцирана во стариот град на Источен Кудс (Ерусалим), кој се наоѓа под израелска окупација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како и секоја година, Палестинците во Источен Кудс (Ерусалим) се собраа во Харем-и Шериф за да ја извршат молитвата за Бајрам.
Палестинците целосно ја исполнија „Месџид-и ал-Акса“, која беше нападната од израелската полиција во последните денови од месецот Рамазан.
Во писмената изјава дадена од Администрацијата за исламски фондации во Кудс (Ерусалим), се наведува дека повеќе од 100.000 луѓе дошле во Харем-и Шериф за да ја извршат молитвата за Бајрам.
По молитвата за Бајрам, палестинските муслимани извршија погребна молитва во отсуство за сите шехиди.
- Беше нападната од израелската полиција во последните денови од Рамазан -
„Месџид ал Акса“, која се наоѓа во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и која е специфична по тоа што таа е првата кибла на муслиманите (правец кон кој се свртени муслиманите во текот на молитвата), беше цел на нападите на израелската полиција во последните денови од Рамазан.
Израелската полиција го нападна Харем-и Шериф со звучни бомби и пластични куршуми за време на Тарави намазот на 7 мај.
Во нападите кои предизвикаа голема реакција во исламскиот свет беа повредени 205 лица, а многу Палестинци беа приведени.