Zafer Fatih Beyaz
13 Мај 2021•Ажурирај: 13 Мај 2021
АНКАРА
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека должност на секој муслиман е да ја заштити честа и достоинството на Кудс (Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на социјалните мрежи порача дека цел на нападите во Кудс е секој муслиман во светот.
„Цел на нападите во Кудс заедно со нашите тамошните браќа е и секој муслиман кој ја посетува Каба во Мека. Цел на нападите се сите муслимани кои живеат во Истанбул, Дијарбакир, Багдад, Каиро, Исламабад, Џакарта, Куала Лумпур, Баку и Сараево", рече Ердоган и додаде:
„Го повикувам целиот свет, посебно исламските држави, да се преземат ефикасни чекори против израелските напади на Ал Акса, Кудс и палестинските домови. Дожност на секој муслиман е да ја заштити честа, угледот, достоинството и вредноста на светиот град Кудс. Светот кој не може да го заштити Кудс и муслиманите значи дека се предал и ја повлекол иглата од бомбата со која самиот ќе се уништи."
Како што рече турскиот претседател, Турција, како што секогаш правела и денес ќе биде со браќата во Кудс и сите муслимани во Палестина.
„Веднаш ги покренавме потребните иницијативи за мобилизација на сите релевантни меѓународни институции, посебно Обединетите нации и Организацијата на исламска соработка. Сакаме злобните напади на џамијата Ал Акса и муслиманите во Кудс веднаш да бидат запрени. Очекуваме завршување на сите директни притисоци кои се вршат за да Палестинците се протераат од своите домови. Аллах е на страната на жртвите и угнетените", рече турскиот претседател.