Ahmed Asmar
17 Ноември 2023•Ажурирај: 18 Ноември 2023
ЊУЈОРК (АА) - Министерството за одбрана на САД (Пентагон) соопшти дека од 17 октомври досега американските воени бази во Ирак и во Сирија биле нападнати 58 пати, пренесува Анадолу.
Портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг, на брифингот со новинарите нагласи дека како резултат на нападите повеќе од 50 американски војници се здобиле со лесни повреди.
„Сите наши војници што беа повредени се вратија на должност“, истакна таа.
Синг рече дека 31 од нападите се случиле во Сирија, а 27 во Ирак.
Таа истакна дека американските трупи одговориле со воздушни напади врз центрите за команда и контрола, објектите за складирање оружје и областите за воена обука за групите поддржани од Иран.
Се верува дека нападите врз американските бази се одговор на американската поддршка за Израел во неговиот смртоносен напад врз Газа.