свет

Пентагон за испраќањето војници во Сирија: „Нема промена во состојбата на нашите сили"

„Посветени сме да работиме одблизу со нашите турски сојузници, со цел зголемување на нашата соработка, координација и консултација“, рече Робертсон

Kasım İleri  | 13.09.2019 - Обновена : 14.09.2019
Пентагон за испраќањето војници во Сирија: „Нема промена во состојбата на нашите сили"

ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролот на Министерството за одбрана на САД (Пентагон), Шон Робертсон, во врска со тврдењата дека САД ќе испратат војници во североисточниот дел на Сирија истакна дека нема некоја промена во состојбата на нивните сили во Сирија, и дека нивото на силите ќе се определи според условите на терен, пренесува Anadolu Agency (AA).

Робертсон одговори на прашањата на новинарот на АА во врска со тврдењата на американскиот весник „Нујорк тајмс“ (New York Times) дека Пентагон планира да испрати околу 150 војници во Сирија.

„Нема промена во состојбата на нашите сили“, рече Робертсон.

Тој истакна дека продолжуваат да ги спроведуваат инструкциите на претседателот на САД, Доналд Трамп, за координативното повлекување од Сирија.

„Нивото на силите ќе се определи според условите на терен. Поради безбедносни причини, нема да навлегуваме во бројки и време“, нагласи тој, додавајќи дека САД и Турција преземаат брзи чекори во врска со условите на безбедносните механизми во Сирија, и дека во одредени места процесот на договорот постигнат меѓу двете земји, тече побрзо од планираното.

„Посветени сме да работиме одблизу со нашите турски сојузници, со цел зголемување на нашата соработка, координација и консултација“, рече Робертсон.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın