Kasım İleri
28 Септември 2022•Ажурирај: 29 Септември 2022
ВАШИНГТОН (АА) ‒ Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, ги повика Туркије и Грција на дијалог и додаде дека Соединетите Американски Држави (САД) немаат никакви вежби во Егејот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рајдер на прес-конференција даде коментар за протестната нота која Анкара ја упати кон Вашингтон во врска со оклопните возила од американско производство кои Грција ги упати кон островите во Егејското Море.
Новинарот на АА побара коментар во врска со протестната нота кон Грција и САД откако на два острови со невоен статус се упатени оклопни возила.
„Дали во тоа подрачје имате вежби или обуки? Кој е вашиот одговор за протестната нота од страна на Туркије?“, праша новинарот на АА, на што Рајдер одговори дека нема информации дека (САД, заб. на авт.) одржуваат какви било вежби таму.
„Ако зборуваме генерално, Туркије и Грција се два важни партнери на НАТО и ги повикуваме да продолжат со конструктивен дијалог, со цел намалување на потенцијалните тензии“, изјави американскиот генерал.
Новинарот потсети и на критиките од страна на Анкара упатени кон САД дека придонесуваат кон напнатоста и побара коментар за нив.
„Од аспект на билатералните односи Туркије е исклучително важен партнер на НАТО. Ќе продолжиме со блиската соработка со партнерите на НАТО, вклучувајќи ја и Туркије“, рече тој.