Furkan Abdula
21 Јуни 2022•Ажурирај: 21 Јуни 2022
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, прими на средба делегација од Државниот универзитет „18 Март“, во Чанаккале, Република Туркије, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Кабинетот на претседателот на Северна Македонија.
Во соопштението се истакнува дека е реализирана средба со делегација од Државниот универзитет „18 Март“, во Чанаккале, Туркије, предводена од ректорот Седат Мурат.
„На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за соработката која Универзитетот во Чанаккале ја остварува со институциите во Северна Македонија, како и за идеите и можностите за размена на искуства во контекст на образовните политики, проширување на соработката во полето на културата, младите и спортот преку заеднички активности и проекти“, се нагласува во соопштението.
„Претседателот Пендаровски посочи дека Северна Македонија има воспоставено одлична соработка со Република Туркије во областа на образованието и културата, и изрази поддршка на сите позитивни иницијативи кои придонесуваат за продлабочување и зацврстување на билатералните односи и пријателските врски меѓу двата народа“, се додава од Кабинетот на претседателот.