Rahmi Gündüz
18 Март 2017•Ажурирај: 18 Март 2017
ПАРИЗ (АА) - Француските медиуми јавуваат дека се приведени таткото и братот на 39 годишниот неутрализиран француски државјанин кој отвори оган во предградието на Париз, а потоа ги нападна војниците на аеродромот Орли, пренесува Anadolu Agency (AA).
Телевизискиот канал БФМ повикувајќи се на полициски извори јавува дека машкото лице имало полициско досие поради оружен грабеж и криумчарење на дрога и дека разузнавачките служби го следеле поради „склоност кон радикализмот”.
Парискиот весник „La Parisien" истакнува дека станува збор за Зиед Б. и дека полицијата извршила напад во домот на напаѓачот сместен во Гарж ле Гонес.
Повикувајќи се на изјавите на сведокот, дневникот јавува дека напаѓачот прво се обидел да земе за заложник жена војник, а по судирот кој се случил, зел оружје и се сокрил во продавница.
Освен тоа, повторно е отворен западниот терминал на аеродромот кој беше затворен по нападот. Железничкиот сообраќај е исто така повторно во функција.
Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, им честиташе на припадниците на безбедносните сили кои го неутрализираа напаѓачот.
Оланд соопшти дека ќе биде продолжена одлучната борба на Франција против тероризмот.
Исто така тој додаде дека е покрената истрага за нападите со која ќе бидат утврдени повеќе детали.