Barış Seçkin
14 Јануари 2021•Ажурирај: 14 Јануари 2021
ВАТИКАН
Духовниот водач на католиците и претседателот на Ватикан, папата Франциско, ја прими вакцината развиена против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Матео Бруни, портпаролот на Ватикан, во писмената изјава за медиумите истакна: „Можам да потврдам дека на папата Франциско му беше дадена првата доза на вакцина во рамките на програмата за вакцинација иницирана од државата Ватикан.“
Кампањата за вакцинација „Ковид-19“ во Ватикан започна вчера.
Папата Франциско во изјавата за телевизискиот канал „TG5“ на 9 јануари рече: „Од морален аспект верувам дека сите треба да се вакцинираат. Тоа е етички избор, бидејќи се работи за вашето здравје и за вашиот живот, но исто така и за животите на другите.“