Ecenur Çolak
08 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
ВАТИКАН (АА) - Папата Франциско, духовниот лидер на католиците изјави „Го повторувам мојот повик, до Христијаните, Евреите и Муслиманите околу статусот на светиот град Кудс (Ерусалим), дека треба да се однесуваат во согласност со одлуката на Обединетите нации (ОН) и со заеднички заложби, да ја оддадат потребната почит кон овој град”, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод Новата година, Папата Франциско во Ватикан ги пречека амбасадорите и дипломатските претставници, а во своето обраќање нагласи дека идните спорови треба да се решат по мирен пат, со дијалог и меѓусебно разбирање.
Папата посочи кон важноста на човечката чест и универзална декларација за човекови права и во тие рамки истакна дека една од најважните активности е обезбедувањето на правото на живот, којшто претставува заштитник во изградбата на мирот.
- „За пофалба е жртвата и напорите кои во овие тешки времиња што ги покажуваат овие земји”
Папата Франциско по прашањето за Сирија истакнувајќи дека продолжувањето на мировните преговори е од големо значење, го рече следното: „Без оглед на етничката или верска припадност, има потреба секој жител да земе активно учество со цел во земјата да се обезбедат социјални, политички и безбедосни услови”.
Во своето обраќање Папата зборуваше и за потребата бегалците да се вратат во своите домови, велејќи:
„Многу е важно бегалците кои се засолниле во соседните земји да се вратат во своите домови, првенствено оние од Јордан, Либан и Турција. За пофалба е жртвата и напорите кои во овие тешки времиња ја покажуваат овие земји. Со цел бегалците да се вратат во своите домови, потребно е да се создаде соодветна средина, и за таа цел ја повикувам целата меѓународна заедница да ја даде својата поддршка”.
- „Повеќе од секогаш постои потреба од дводржавно решение”
Папата се осврна и на зголемената тензија меѓу Палестина и Израел во последно време, велејќи го следното:
„Го повторувам мојот повик, до Христијаните, Евреите и Муслиманите околу статусот на светиот град Кудс, дека треба да се однесуваат во согласност со одлуката на Обединетите нации (ОН) и со заеднички заложби и да ја оддадат потребната почит кон овој град. (Меѓу Израел и Палестина) Во подрачјето постојат две независни држави кои се признати во меѓународни рамки, и во моментов, во 70 годишната историја на судирите, постои поголема потреба од итно политичко решавање од кога било порано. И покрај сите потешкотии, вистинскиот пат е изградбата на дијалог и продолжување на преговорите, за да може да се стигне до целта и двата народа да живеат во мир”.
Папата рече дека војната, миграциите и сиромаштијата ги распарчила семејствата, истакнувајќи дека поголемиот дел од децата бегалците кои се обидуваат да ја минат границата, станале плен на трговците со луѓе.
Папата Франциско потсети и на својата посета на Бангладеш, каде бил сведок на состојбата на араканските муслимани и им се заблагодари на Бангладеш и земјите кои им помогнале на бегалците.