21 Ноември 2016•Ажурирај: 22 Ноември 2016
ВАТИКАН (АА) - Врховниот католички поглавар, папата Францис им даде одобрение на сите римокатолички свештеници да ги ослободат гревовите на сите жени што имале абортус, пренесува Anadolu Agency (AA).
Папата Френсис ја објави оваа одлука во документ познат како „апостолско писмо“, по завршувањето на црковната „Света година“.
Во јавен документ, објавен во Ватикан, папата потсети дека не постои грев до кој Божјата милост не може да допре и да го избрише, доколку во тоа срце се пронајде каење.
Тој повтори дека абортусот е грев, бидејќи тој прекинува невин живот.
„Од денес свештениците може да ги ослободат оние што направиле грев како што е абортусот“, рече Папата.
Досега, гревот за абортусот можеа да го простат само бискупите или специјалните исповедници.