AP
06 Декември 2015•Ажурирај: 07 Декември 2015
ВАТИКАН (АА) - Папата Франциско за време на миса во неделата на плоштадот Свети Петар во Ватикан, апелираше до оние кои одлучуваат за мерките во врска со климатските промени да покажат храброст во борбата против сиромаштијата, јавува Anadolu Agency (АА).
Осврнувајќи се на актуелната климатска конференција што ќе се одржи во Париз, Католичкиот поглавар рече покрај климатките промени, светот мора да се бори против сиромаштијата".
"Каков свет ќе им оставиме на оние кои доаѓаат по нас, на нашите деца кои растат?", праша Папата.
Во понеделник, на 30 ноември во Париз почна Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени ( COP21 ). Се очекува дека претставниците на повеќе од 195 земји да постигнат договор за справување со климатските промени на глобално ниво и на намалување на емисиите .