Kristina Maslareviç
06 Декември 2015•Ажурирај: 08 Декември 2015
БЕЛГРАД (АА) - Јордански државјанин, со американски пасош, се обидел да влезе во кокпитот на авионот на Луфтханза на летот Франкфурт-Белград. Патниците успеале да го совладаат, а авионот слета несметано според планот на белградскиот аеродром Никола Тесла, каде проблематичниот патник го презеде полицијата, која во моментов го сослушува, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите, во текот на летот над Австрија, јорданецот тропал на вратата и се заканил дека ќе ја отвори. Смирените патници успеале да го совладаат и авионот безбедно слетал во Белград во 12:45 часот.
Според првичните информации, на контролата на летање не ѝ била пријавена вонредна состојба, а авионот на Луфтханза, според планот, непречено слетал на белградскиот аеродром. По слетувањето, полицијата влегла во авионот и го извела проблематичниот патник од авионот, кој веднаш го префрлила во полициска станица во Белград.
Министерството за внатрешни работи на Србија не се огласи по повод ова случување, ниту пак можеа да ја потврдат информацијата, како и останатите официјални институции.
Претседателот на ракометниот клуб „Војводина“, Милан Ѓукиќ, кој се наоѓал во авионот, за локалните медиуми изјави дека патникот кој предизвика проблем изгледал сомнително уште при качувањето во авионот и дека некаде на средина на летот се обидел да ја отвори вратата на кабината, во тоа го спречил персоналот од кабината, помошник-тренерот на „Војводина“, Милан Мирковиќ и ракометарот Алексеј Растворчев.
Според неговите зборови, патникот до крајот на летот го чувале Мирковиќ и Растворчев, а авионот безбедно слетал кога и останатите патници беа информирани за инцидентот од страна на полицијата.